Во рамките на Еразмус+ проектот “Чекор поблиску до успешен училишен почеток”, во ЈДГОА “Срничка”, објект “Чекорче” се одржа работилница, во партнерство со ООУ “Браќа Миладиновци”- Аеродром. Во контекст на унапредување на образовните инклузивни практики и обезбедување на образовен континуитет помеѓу предучилишните установи и основното образование, се споделуваа искуства и добри практики, теоретски презенации базирани на најновите меѓународни истражувања и пленарни дискусии на кои заеднички учествуваа восптивачите во детските градинки, одделенските наставници и стручните работници.
Основни цели на работилницата беа:
• Проширување на разбирањето за тразициони процеси во образованието
• Проширивање на разбирањето за влијанието на транзицијата врз децата , семејството и заедницата од предучилишен период во училиште
• Идентификација на ризик факторите кои влијаат врз транзицијата
• Идентификација на протективните фактори кои ја олеснуваат транзицијата .
• Размена на искуства и идентификација на добри практики како да се подржат децата во процесот на транзиција
Континуитетот на образованието и учењето бара успешна транзиција кон следните образовни нивоа. Транзициите кај учениците се поврзани со чувства на исчекување, напнатост и љубопитност, како и на несигурност, страв од непознатото и страв од неуспех. Децата мора да се справат со многу непознати ситуации во текот на периодот на транзиција. За најзначајна социјална транзиција се смета преминот на децата од предучилишен амбиент ( семејство или детска градинка) во основно обарзование. Совладувањето на транзиционите процеси и обезбедување на непречена транзиција помеѓу градинката и основното училиште го олеснува прилагодувањето на децата за на училиште. Колку е поголема подршката на децата во процесот на транзицијата , толку се поголеми шансите за полесно совладување и на останатите транзициони процесси во текот на животниот циклус.
Најистакнатите предизвици со кои децата обично се соочуваат за време на премин од предучилишен амбиент во основно образование е прилагодувањето на нова средина и околина , и тие предизвици се значително понагласени кај децата кои имаат одредени здравствени и социјални ризици.
Поради оваа причина, значително внимание се посветува на темата на транзиција во контекст на Еразмус+ проектот, кој се спроведува со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.