Еко-акција во соработка со Општина Аеродром

Почнувајќи од денес, но и во текот на следната недела во нашата градинка ,,Срничка” со низа активности ќе го одбележиме доаѓањето на пролетта и денот на екологијата. Ова прекрасно годишно време коа е восклик, живот и радост во детските срца буди среќа и ја разгорува желбата за игра, затоа тие заедно со воспитниот тим ќе ја разубават средината во која играат и се дружат.

Денес беше реализирана еко-акција во соработка со Општина Аеродром, најмалите и највредни детски рачиња од големите групи во објект ,, Чекорче” заедно со воспитно-згрижувачкиот тим на градинката садеа дрвца, го расчистуваа дворот на градинката, изработија еко-пораки со кои ги украсија детските паноа, а сето тоа зачинето со песна и љубов.

Голема благодарност до сите дечиња кои учествуваа на оваа Еко-акција, воспитно-згрижувачкиот тим, директорот и Општината за оваа успешно реализирана активност, додека пак следната недела продолжуваме со активностите кои ќе се реализираат во сите наши објекти со кои на сите дечиња ќе им овозможиме да се почувствуваат дека и нивниот придонес е дел од овој прекрасен свет.