Известување

Почитувани родители/старатели,

Ве известуваме дека од 7.8.2023 до 31.8.2023 година, во Управата на градинката (педагошка служба) ќе можете да го потпишете новиот договор за наредната воспитно – образовна година. Договорот ќе се продолжи доколку родителот/старателот ги има подмирено сите парични побарувања кон градинката.

Известувањето се однесува само за дечињата кои се веќе запишани и кои од први септември ќе продолжат со посетување на градинката „Срничка“.

Со почит, ЈДГОА „Срничка“