Под мотото: ,, Подај рака на хуманоста! ”

На 05.05.2022 година од 07:30 до 08:30 часот

ЦКА-ПХВ тимовите при ООЦК Кисела Вода ќе дојдат во посета на нашата градинка ЈДГОА ,, Срничка”

Волонтерите во ЦКА-ПХВ програмата оваа година, со заеднички сили и мотив, ќе реализираат активност под мотото: “Подади рака на хуманоста!”. Секој од тимовите ќе ја посети градинката и ќе постави промотивен штанд на самиот влез, кадешто ќе ги дочекаат групите деца и родители со топло добредојде и специјално подготвени картички со слатко задоволство. Потоа ќе следат информации за ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности) програмата и нивната цел како волонтери во рамки на програмата. По првичните информации, ќе следува процес на кратка дисеминација на дечињата од страна на нашиот дисеминатор, и изработка на заеднички цртежи и мотиви со помош и поддршка на волонтерите од тимот и вработените во градинката. На самиот крај, дечињата ќе “Подадат рака на хуманоста”, ќе допринесат заедно со своите родители, учителки и воспитувачи да се реализираат предвидените цели на волонтерите и да се даде помош и поддршка на целните групи во проектите.