Хуманитарен Базар: ,, Со љубов правиме, со љубов даруваме”

Објект: ,, Чекорче”

Возрасни групи: од 5-6 години

Воспитувачи: Јасмина Манојловска и Ева Петровска

Во склоп на Детската недела, вредните рачиња на дечињата од двете големи групи од објект ,, Чекорче” изработија најразлични предмети, кукли, вазни, играчки, колачиња, пароли со детските права, кои гордо ги изложија на штандот наместен пред Капитол мол под мотото ,, Со љубов правиме, со љубов даруваме” со намена да се продадат по симболична цена. Паричните средства собрани од базарот ги донираа во кутијата поставена во Капитол мол од страна на Црвениот крст наменета за децата од СОС детското село.