ШЕГУВАЈТЕ СЕ, ДЕНЕС Е ПРВИ АПРИЛ !

Денес е 1. Април – Денот на шегата, еден од најзбавните денови во годината. На овој ден , луѓето низ светот прават различни шеги, досетливи трикови, измислици, сé со цел да се насмеат и расположат. Бидејќи целта на празникот е среќа и смеење, на овој ден никој не треба да се лути на шегата и лагата без разлика дали е на своја или на туѓа сметка. Треба да се обидеме да останеме позитивни, со многу насмевки, барем за малку да заборавиме на грижите и обврските и да се препуштиме на смеата и забавата.

 На денешен ден се маскираат и возрасните и децата. Највесело и под маски е во училиштата и градинките каде ќе дефилираат бројни интересни маски со експлозија од прекрасни бои. Денес секој може, барем за момент, да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу себе.

Како и секоја година, така и оваа и во нашата градинка „Срничка“ скромно ќе го обележиме Денот на шегата. И денес на најмалите ќе им  овозможиме со задоволство да дојдат маскирани во градинката и да ја разубават средината со прекрасните костими и маски со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови и приказните. Така и оваа година задоволството и среќата со песна и игра ќе ги згреат детските срца.

АПРИЛСКА ПЕСНА

Ме излага, те излагав,

лагите ги славиме

слатко се насмеавме!

Ме излага, те излагав

и само што заминавме

грижите ги скинавме!

Ме излага, те излагав

кратко на минување

мил ден за шегување!

Ме излага, те излагав

со смеа се нагостивме

потоа си простивме!