Што има во, а што на?

Воспитувач: Трпчевска Валентина

Прва средна група

Дневен оперативен план за 26.11.2020

Што има во, а што на волшебно торбиче

Цел на активноста: Да се оспособува за издвојување на карактеристичните својства на предметите и нивна местоположба и споредување според тие својства. Да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали. Да се поттикнат способностите за цртање на разни едноставни форми.АктивностУтринска гимнастика.Разговор, искази од децата и воочување – што е во, а што на- на предметите во занималната.Работиме во математичката текнувалка – што има во, а што на.Работа во конструктивниот центар – во куќичката, на покривот.Волшебно торбиче – што има во торбичето( децата го опипуваат предметот во торбичето без да го гледаат и го опишуваат и именуваат).Торбичка – ликовно изразување.ИндикаториДетето го употребува поимот на спротивност во,на.Детето со затворени очи препознава и именува предмети што ги допира.Детето црта едноставни форми и облици – торбичка.