2.4.2024 година- Светски ден на детската литература

Објект: ,, Лале”
Возрасни групи: од 3 до 6 години

Денес во нашата градинка се одбележа Светскиот ден на детската литература. По тој повод во нашата градинка во објект ,, Лале”, на наше огромно задоволство и на задоволство на децата, гостинка ни беше писателката Ана Салтирова – Давидовски. Преку примери таа ги запозна дечињата со важноста на волшебниот збор „Благодарам“ како и значењето на благодарноста во нашите животи.