20. МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПЧЕЛАТА

Денес, 20. Мај, го одбележуваме Светскиот ден на пчелата и се потсетуваме на нејзината огромна важност за екосистемот. На овој ден се потврдуваат заложбите за заштита на пчелите и развој на пчеларството, но и подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи, загрозеноста на нивниот опстанок и нивниот придонес за одржлив развој.

  Ако сакаме да преживееме треба да направиме сѐ што е во наша моќ и да ги сочуваме овие мали суштества, затоа што тие имаат значајна незаменлива улога во природата, тие се речиси најстарите жители на планетата Земја без кои нема живот. Пчелите се клучни за нашето постоење, тие се вистинско чудо.

  Секојдневно, низ низа активности се трудиме да ги едуцираме децата од градинката „Срничка“, да ја подигнеме детската свест и да им укажеме како да се грижат за природата, да не ја загадуваат, да ги чуваат цвеќињата, дрвјата и да засадат нови – затоа што тие се домови и извор на храна на пчелите. Децата секојдневно, на секој можен начин, им се заблагодаруваат на пчелите за сета добрина што ни ја прават нам и на нашата планета Земја и се обидуваат да направат нешто за нив, да им помогнат, затоа што сфатија дека ПЧЕЛИТЕ МОЖАТ БЕЗ НАС, НО НИЕ НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ НИВ!

ПЧЕЛКА И ЛАЛЕ

Пчелката:-Ај кажи ми лаленце,

зошто рано цветаш?

Лалето:- За да можеш пчеличке,

врз мене да слеташ!

Пчеличката:- Штом е така

миличко, тогаш сè е в ред,

од тебе ќе почнам, прво, да си збирам мед!