28 maj – Светски ден на пеперутката

Денес, 28 мај е Светски ден на пеперутката. Кога зборуваме за инсектите, веројатно, први на ум ни доаѓаат пеперутките кои во природата доминираат и пленат со својата волшебна убавина. Со својот карактеристичен изглед тие се издвојуваат од другите инсекти, шармираат и воодушевуваат. Пеперутките се симбол на самодовербата, упорноста и убавината. Секоја од нив… со својата боја, својот пат, својата игра е приказна и живот за себе. Тие се дар од природата, празник за душата и очите, восклик на убавината, кралици на тишината.

Постојат неверојатно уникатни примероци во кралството на пеперутките и кога со задоволство ги гледаме кај нас се ројат прашањата – како природата успева да создаде такви чудесни ремек-дела? Пеперутките имаат многу важен простор во универзумот, во митовите и легендите, делумно за краткиот живот но и за нивната совршена неповторлива убавина, за нивната физичка трансформација и за тоа чувство на слобода што го евоцираат кај нас.

Овие инсекти се распространети низ целиот свет, онаму каде тие изобилуваат е индикатор за здрав и балансиран екосистем. Се хранат со нектарот од цвеќињата и исто, како и пчелите, учествуваат во процесот на опрашување. Постојат четири фази во животниот циклус на пеперутките: јајце, ларва, гасеница и пеперутка. Со својот слободен величенствен лет, трпение и упорност, овие мали инсекти претставуваат симбол на безгрижен живот.

  Со своите впечатливи живописни бои, интересен дизајн и слободен лет ги воодушевуваат и децата и кај нив будат возбудливи доживувања. Децата од градинката „Срничка“, многу често, низ активностите (ликовните творби, песнички, приказни…) другаруваат како со пчелите така и со пеперутките, како најомилени инсекти.  

Затоа денешниот ден ќе го исполниме со радост, насмевки и прекрасни ликовни творби со пеперутки, изработени од вештите детски раце.

ПЕПЕРУТКИ

Шарена ливада мајска,

поубава од градина рајска,

на ливада цвет до цвет

и пеперутки во лет.

Пеперутките рашириле крила

меки и нежни ко свила,

во разни бои и шариприродата што им ги дари