Убавините на есента

Возрасна група- од 3-4 год

Објект-“Изворче”

Воспитувач – Сузана Селими

Тема:”Убавините на есента”

Тема на денот :”Печатиме овошје”

ЦЕЛИ :-Развивање на потребата од поставување на прашања со цел да добие објаснување за нештата кои не се јасни. -Оспособување за слушање и разбирање на драмски текст кои му се чита од страна на возрасен -Стекнување на знаење за тоа дека со печатите е можно повторување во иста форма и боја -Оспособување за споредување на успешни и помалку успешни отпечатоци ТЕК НА АКТИВНОСТИ -Утринска гимнастика :-Групно време :”Трите јаболки” – Обработка на драмски текст. Поставувајќи прашања ќе ги охрабриме децата за повторување на содржината на драматизацијата-Ликовен центар :Печатиме јаболко и круша – Ќе печатиме со готови печати од сунгер во форма и боја на јаболко и круша -На крајот на активноста ќе ја повториме претходно научената песна :”Јаболче и крувче” Индикатори:-Детето поставува прашања од типот зошто, како, кога, што, тн… -Детето правилно го држи печатот со обоениот дел кон подлогата -Детето умее да разликува од кој печат е добиен кој отпечаток