Објект: ,, Црвенкапа”
Возрасна група: од 4 до 5 години
Воспитувач: Лидија Малинковска
Светскиот ден на здравјето е глобална иницијатива која има за цел да ја подигне свеста за растечките здравствени проблеми кај населението и да промовира поздрав избор на животниот стил и навики. Секоја година овој ден служи како можност да се потенцира фактот дека здравјето не е само привилегија – тоа е право што му припаѓа на секој поединец. Затоа, ајде да соработуваме заедно сѐасо една единствена цел – да го заштитиме и промовираме здравјето како основно човеково право и секој поединец да има пристап до квалитетни здравствени услуги.
Клучната улога во одржување на здравјето на целокупната светска популација ја имаат здравствените работници кои се должни да ги почитуваат етичките норми во својата професија во односот лекар-пациент.
Величествената мисија на лекарите се темели на Хипократовата заклетва а тоа е посветена и храбра борба за сечиј живот. Со својата врвна професионалност и стручност лекарите се стремат да ги намалат страдањата и болките на пациентите, да вратат нечија верба во животот. Нивната највозвишена цел и предизвик е да спасат нечиј живот.
Денес, секој што поседува морална свест треба да чувствува пиетет кон здравствените работници и благодарност кон целиот здравствен систем затоа што нивните дела се од непроценливо значење. Денес во време на пандемии, катастрофи… луѓето во белите мантили се први на линијата на борбата и со својот деноноќен труд, капацитети, потенцијал и несебичност, вложувајќи го и последниот атом сила се фаќаат во костец со секое зло што го загрозува нашето здравје, нашите скапоцени животи.
Затоа, на овој ден, децата и ние вработените од „ЈДГОА“ – Срничка, длабоко ви се поклонуваме и искрено од срце ви се заблагодаруваме за вашата посветеност водејќи тешка битка со цел да се спаси нечиј живот. БЛАГОДАРИМЕ ШТО ПОСТОИТЕ !!!
Преку лепеза од различни едукативни активности ќе се потрудиме да ја поттикнеме свеста кај младите личности, во нивните чисти детски срца да всадиме чувство на хуманост, несебичност и една трајно вкоренета мисла дека здравјето е скапоцено, а животот е еден и единствен. Затоа, во сечија свест треба да триумфира мислата – дека во животот треба на секој да се помогне.
Им го честитаме овој ден на сите здравствени работници за клучната улога што ја играат во одржувањето на здравјето на целата светска популација!
– „ЗДРАВЈЕТО Е НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО“
-„ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ“
-„ЗДРАВИТЕ ГРАЃАНИ СЕ НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО ШТО СЕКОЈА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА ГО ИМА“