Тема- ,, Семејството е наше најголемо богатство, најголема поддршка и сила во животот”

Објект: ,, Чекорче”

Возрасна група: од 4 до 5 години

Воспитувач: Ирена Тирчоска

Негувател: Јасмина Јовевска

При реализирање на темата “Моето семејство”, кај децата се поттикна свеста за сопствените чувства, доверба и припадност кон семејството. Со обработка на текстови, сликовници, преку говорни игри, ликовни игри и изработки од разновидни материјали, се збогатуваше активниот речник кај децат, фината моторика и самостојноста во истражувањето. Во рамките на оваа тема се одбележа и денот на жената, 8 Март.