Тема: „Еко волонтеризам – Зелен волонтеризам“

Во нашата градинка реализиравме едукативна и интересна активност посветена на еколошката свест, грижата за природата и зелениот волонтеризам, во соработка со претставници од Црвениот крст. ❤️🌱

Преку разговор, практични активности и дружење, децата на забавен и разбирлив начин учеа дека и најмалите можат да придонесат за почиста, поздрава и позелена околина. 🌳♻️

Децата беа поттикнати да ја сакаат и чуваат природата, да не фрлаат отпад, да се грижат за зеленилото и да бидат мали еко-херои и одговорни чувари на животната средина. 🦸‍♀️🦸‍♂️🌎

💚Со малку труд, добра волја и заедничка грижа, можеме да направиме голема промена!

🌱Заедно садиме добри навики, заедно создаваме зелена иднина!

Објект :Црвенкапа

Возрасна група :5-6 г.

Воспитувачи:Зорица Симоноска и Лила Танчин

Негуватели:Андријана Стојковска и Милица Арсовска