Ви упатуваме голема и искрена благодарност за вашето учество, придонес и поддршка во реализација на нашиот “Есенски базар”.
Ви благодариме за вашиот вложен труд и несебичност. Секое ваше слатко задоволство – создадено со неизмерна љубов и креативност придонесе нашиот базар да биде уште еден прекрасен ден за најмилите, исполнет со радост и волшебни детски насмевки.
Со оваа соработка уште еднаш потврдивте дека само кога се сплотени семејството и градинката се создаваат незаборавни мигови, кои се темелат на највисоките човекови вредности- доверба, љубов и заедништво.
Со почит,
воспитните тимови на ЈДГОА ” Срничка”, објект ” Чекорче”



