20. ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЈАБОЛКОТО

Есента е годишно време кое со палетата од прекрасни бои и богатсво од плодови ни овозможува голема радост за очита и душата. Јаболкото, кое за многумина е „крал на есента“, истовремено ја одржува младоста и е симбол на постојано обновување. Во текот на целата година не мами со својот изглед, мирис и убавина. Комбинацијата на различни вкусови и ароми што ја поседува ова овошје обезбедува еден вид на уживање, а во исто време и благодет за здравјето на организмот. Затоа, мудрите луѓе велат – „Денот поминат без барем едно изедено јаболко е изгубен ден “. Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете. Јаболкото како сочен плод е ризница од витамини и антиоксиданси кои благотворно влијаат на нашиот организам, а со тоа на нашето здравје и нашиот изглед. Ова скапоцено овошје се грижи за нашето здравје и навистина е потврдено деко со едно јаболко на ден-ќе бидеме без доктор секој ден!

  Затоа, тргнувајќи од фактот дека јаболкото е многу корисно овошје, настојуваме, кај децата, да го поттикнеме интересот за здрава и правилна исхрана, да ја подигнеме свеста за потребата од консумирање здрава храна.

И оваа година во пресрет на Светскиот ден на јаболкото, почитувајќи ги протоколите во време на пандемија, во градинката „Срничка“ активностите ќе се реализираат во групите. Преку различни содржини (драматизации, стихови, песнички и игри, збогатени со ликовни содржини) ќе се обидеме децата да ги збогатат елементарните знаења за значењето на јаболкото, кое се вбројува во здрава храна.

ЈАБОЛЧИЊА

Јаболчиња црвени

во градината зреат

а дечињата малечки

весело им се смеат!

Секој сака јаболче

бар да касне едно

би го изел радосно

како шеќерче медно.