29.03.2022 година
Објект: ,, Чекорче”
Денес во објектот ,, Чекорче” се одржа едукативна работилница за важноста и значењето на оралното здравје која беше реализирана од страна на стоматолошка ординација Д-р Нина. Дечињата од средните групи активно учествуваа за време на работилницата, ги кажуваа своите предзнаења за хигиената и исхраната со кои нивните заби ќе бидат здрави и бели, кажуваа стихотворби и изработија најразлични изработки и цртежи.
Дечињата добија и подароци ( боенки, четкички за заби)