Денес треба да се прашаме, зар постои нешто почисто и посвето од детската солза која моли, од детската насмевка која облагородува од детскиот ѕвонлив глас кој ја грее човечката душа!? Затоа наша мисија е да ги направиме децата среќни не само денес, туку секој ден, секој миг, секогаш… Секое дете заслужува среќа. Зар има нешто поубаво од детската насмевка и радост?!
Во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата што означи нов почеток за подобрување на животот на најмладите. Целта на одбележувањето на овој ден е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат. Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, кои треба да ги почитуваме. Детската среќа и иднина зависи од сите нас.
Овој ден, со низа активности ќе биде одбележан и во градинката „Срничка“, каде секое дете, индивидуално, преку ликовни творби изработени во разни техники ќе проговори за својот детски сон, за своите желби.
„ЕДНАШ СИТЕ НИЕ БЕВМЕ ДЕЦА, И НИЕ ТРЕБА ДА ЈА ДЕЛИМЕ ИСТАТА ЖЕЛБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДОБРОБИТОТ НА НАШИТЕ ДЕЦА. ТОА БЕШЕ И ЌЕ ОСТАНЕ УНИВЕРЗАЛНА АСПИРАЦИЈА НА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО“.
ДЕЦАТА САКААТ МИРЕН СОН
Секое дете сака
да спие во мирен сон,
покрај тато и мама,
да ги гали ѕвезден ѕвон.
Секое дете сака
да сонува убави сказни,
во сонот да другарува
со волшепства разни.
Растете деца во сонот,
во ноќта мирна и глува,
добриот волшебник од сказните
сонот да ви го чува.