8. Јуни – Светски ден на океаните

Децата, генерално, го поврзуваат океанот со одмори, со летни убавини, долги жешки денови на плажа уживајќи на пенливите сребрени бранови, денови со сонце, вода, песок, школки…..безброј воодушевувања и неизмерна радост.

  Сепак, океаните се многу повеќе од тоа. Нивната фундаментална улога во животот на живите суштества е толку важна што на 8 јуни секоја година се слави Светскиот ден на океаните. Овој датум има за цел, подигање на свеста кај населението за важноста на грижата и заштитата на океаните, затоа што тие се основа на животот на нашата планета. Океаните добиваат поголем дел од кислородот што ни е потребен за да дишеме, па токму затоа тие се сметаат за бели дробови на планетата; изобилуваат со многу интересна и ретка флора и фауна и токму затоа треба да се грижиме за да не се загадуваат, да не дозволиме прекрасните песочни плажи да бидат депонии затоа што сето тоа го доведува во опасност преживувањето на планетата.

  И денес, во градинката „Срничка“, преку повеќе реализирани активности децата ќе го потврдат елементарното знаење за океаните, а ние возрасните преку нашето однесување на плажа, во летниот период, ќе бидеме најдобар пример, огледало за нашите деца, како треба да се однесуваме за да не ја загадуваме природата, затоа што немаме резервна планета.    

ПРИРОДАТА

Ех, колку зависи природата од:

сонцето, воздухот и водата.

Не загадувај!

Со нив не царувај.

Природата те создала,

сè ти дала!

Направи и услуга мала,

таа ќе те нагости- не е шала.