“Се за мене и моето семејство” e темата на петата по ред мобилност која беше реализирана во рамките на проектот: “Jа градиме нашата иднина – Културната интелегенција, најсуштествена интелегенција во 21 век” Еразмус +. Содржините кои беа споделени од страна на нашите патнери од Италија, Бугарија, Португалија и Хрватска придонесоа да се збогати знаењето на воспитувачите за важноста на градењето партнерски односи со семејствата. Воедно, мобилноста придонесе да се прошири знаењето на учесниците за културата на земјите партнери и институциите во кои извршуваат образовна дејност, а со тоа и развивање отворен однос кон културните разлики, како и кон применувањето на нови методи и стратегии за работа со семејства од различно културно потекло.
Мобилноста која беше реализирана во Бугарија, во градот Добрич, имаше за цел да промовира меѓукултурен дијалог и да создаде можности за споделување на проектните идеи и размислувања поврзани со различни мултикултурни прашања во образовен контекст.