Годишните времиња, со своето богатство и исклучителна убавина, речиси секогаш се инспирација за многу поети, кои со своето перо умеат да создадат ремек-дело. Така и есента која плени со своето изобилство од прекрасни бои, на златната кочија ни нуди богатство од здрави плодови и ни овозможува голема радост за очита и душата.
Затоа денес, во овие рани сончеви октомвриски зори, здравје, радост и насмевка споделуваме НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЈАБОЛКОТО СЕ РАДУВАМЕ!
Јаболкото во текот на целата година мами со својот изглед, мирис, различни вкусови и ароми. Јаболкото обезбедува еден вид на уживање во исто време и благодет за здравјето на организмот. Затоа мудрите луѓе велат: „Денот поминат без барем едно изедено јаболко е изгубен ден “. Овој скапоцен плод е ризница од витамини и антиоксиданси кои благотворно влијаат на нашиот организам, а со тоа на нашето здравје и нашиот изглед.
Последниве години поддржувајќи ја кампањата „Здрава храна за детство без мана“, се трудиме, во рамките на секојдневните активности, кај децата да ја подигнеме свеста за потребата од консумирање здрава храна.
И оваа година во пресрет на Светскиот ден на јаболкото, во градинката „Срничка“ преку различни содржини и активности во сите центри, ќе се обидеме децата да акумулираат елементарни знаења за значењето на овој плод, и на тој начин ќе настојуваме да го поттикнеме нивниот интерес за здрава и правилна исхрана, затоа што јаболкото ја одржува младоста и го продолжува животот.
ЈАБОЛKO
Црвено, жолто, зелено,
на сите по малку разделено.
Многу витамини има,
се јаде и во лето и во зима.