По повод големиот христијански празник Велигден, во просториите на детската градинка “Срничка”, објект “Чекорче” се одржа работилница на тема: “Велигденски подарок за моето школско другарче”. Користејќи педагошки необликувани материјали, дечињата со своите родители подготвија велигденски креации и украси на наменети за ученици од ООУ “Браќа Миладиновци”.Ове активности се реализираат во рамките на Еразмус + проектот: “Чекор поблиску до среќен училишен старт” кој има за цел олеснување и поддршка на периодот на премин од градинка кон училиште на идните првачиња.