Еразмус +

Мобилноста во Реџо Емилио започна со обука на тема: ,, Социјална комуникација: Методологии, инструменти и техники за работа со родители и нивно вклучување во образовен контекст. “ Значајни новини во однос на соработката со родителите беа споделувани заедно со наставниците и членовите на стручната служба од ООУ “Браќа Миладиновци”-Аеродром, како резултат на промените во општественото живеење кои влијаат на односот и воспитните пристапи на родителите кон своите деца.

Оваа обука е резултат на претходни проекти (LLP) во Европа. Конкретно, проектот  “ Чекор поблиску до среќен училишен почеток ” кој се имплементира во  ЈДГОА “Срничка”, започна со цел да се обезбеди одржливост и континуитет во поддршката на родителите и подготвувањето на децата при транзицијата градинка- училиште.