Дневни активности

Тема: ,, Бројот 1”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Чекорче”Воспитувач: Елена Митровска Цел: Доживување на математиката како пријатно искуство и препознавање на бројот 1.

Тема: ,, Врапче”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Јасмина Манојловска Цел: Да се развива целокупната мускулатура на телото. Да се развива интерес кон користење различен ликовен материјал. Да се поттикнува истрајност во активностите.

Тема: ,, Снешко од хартија”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Васка Т. Јовановска Цел: Развивање на способности за сечење со ножици по зададени контури. Поттикнување на децата кон создавање на креативни конструкции со сечење, кинење и лепење на хартија.

Тема: ,, Бела приказна”

Возрасна група: од 3-4 години Објект ,, Чекорче” Воспитувач: Ева Петровска Цел: Поттикнување за препознавање на белата боја како карактеристика на годишното време-зима Да се развијат способности за самостојно ликовно творење со разновидни техники и материјали. Да се развива вештина за движење на дланките и прстите за конкретна цел.

Тема: ,, Каде што зимата вечно царува”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Билјана Туриманџовска Цел: Стекнување на елементарни сознанија за поларните краеви (клима, жители, животински свет). Оспособување за комбинирање на различни ликовни материјали и техники во процесот на творење.

Тема: ,, Зимска разгледница”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Љиљана Ж. Митева Цел: Да се развијат способности за самостојно ликовно творење со различни ликовни материјали. Да се развијат способности за препознавање на годишното време зима.

Тема: ,, Стари занаети”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Снежана Д. Темелкова Цел: Да се стекнат основни знаења за стариот занает ,, ткаење” и за неговото значење за живеењето на нашите предци, Да се збогати детскиот речник со нови непознати зборови за детето: разбој, вретено, предење, ткаење.. Да се развива и усовршува фината моторика, Да …

Тема: ,, Стари занаети” Прочитајте повеќе…

Тема: ,, Снешко”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Лидија Малинковска Цел: Да се поттикне способноста за истражување, споредување, именување на предмети во две и три димензии. Да се поттикнува да ја користи својата креативност во секојдневните активности.

Тема: ,, Снегулки”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Лидија Малинковска Цел: Да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали. Да се развива вештина за движење на прстите и дланката за конкретна цел. Да се поттикнува за користење на материјали од непосредно опкружување.

Тема: ,, Фолклор-народна носија, мотив од народен вез”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Снежана Д. Темелкова Цел: Да се збогатат сознанијата за значењето на културно-историското наследство и обичаите на нашиот народ. Да се збогати и облагороди детскиот емотивен свет и имагинацијата преку непосредна комуникација со традицијата и културата на која припаѓа. Да се развива спретност во користењето на материјалите …

Тема: ,, Фолклор-народна носија, мотив од народен вез” Прочитајте повеќе…