Дневни активности

Есенски базар- ,, Есента на нашата трпеза”

Објект: ,, Лале” Колективна активност Преку убавините на есента и богатството од нејзините плодови што ни ги дари на нашата трпеза, го поттикнуваме чувството на хуманост и емпатија кај децата и возрасните. Голема благодарност за масовното учество на родителите кои со нивните дечиња со љубов направија и со љубов подарија.

Хуманитарен Базар: ,, Со љубов правиме, со љубов даруваме”

Објект: ,, Чекорче” Возрасни групи: од 5-6 години Воспитувачи: Јасмина Манојловска и Ева Петровска Во склоп на Детската недела, вредните рачиња на дечињата од двете големи групи од објект ,, Чекорче” изработија најразлични предмети, кукли, вазни, играчки, колачиња, пароли со детските права, кои гордо ги изложија на штандот наместен пред Капитол мол под мотото ,, …

Хуманитарен Базар: ,, Со љубов правиме, со љубов даруваме” Прочитајте повеќе…

СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

По повод одбележувањето на Неделата на детето, денес во нашата градинка беше реализирана музичко-драмска претстава ,, Сакам да бидам” од страна на Триангл Пулс. Децата уживаа во изведбата и ја следаа со внимание.

22. септември- Светски ден без автомобили

Денешниот ден, 22 септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ. Овој ден за првпат беше одбележан пред 20 години и има за цел да ја крене свесноста кај возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како …

22. септември- Светски ден без автомобили Прочитајте повеќе…

ЈДГОА ,, Срничка” Секогаш мисли за најмладите!

За правилен раст и развој на децата, обезбедивме нови спортски реквизити кои ќе им ги збогатат и разубават секојдневните активности во кои тие уживаат заедно со педагогот по физичко образование.

Манифестација ,, Движи се за здравје”

Во склоп на Европската недела на мобилност, Одделот за спорт и рекреација при Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје, во чест на СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ, на 21.9.2022 година, ја организира Манифестацијата под мотото „Движи се за здравје“, која е од забавен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторниот развој кај децата од рана …

Манифестација ,, Движи се за здравје” Прочитајте повеќе…

Посета на Градската библиотека ,, Браќа Миладиновци”- подружница ,, Јане Сандански”

Објект: ,, Лале”Возрасна група: Од 5-6 години Воспитувач: Лена Коцевска Целта на денешната посета е да се негува детскиот интерес и љубов кон книгата, децата уште од најрана возраст да стекнат навика и потреба за другарување со книгата, овозможување на децата да ја почитуваат убавината на својот мајчин јазик.

Еразмус +

“Се за мене и моето семејство” e темата на петата по ред мобилност која беше реализирана во рамките на проектот: “Jа градиме нашата иднина – Културната интелегенција, најсуштествена интелегенција во 21 век” Еразмус +. Содржините кои беа споделени од страна на нашите патнери од Италија, Бугарија, Португалија и Хрватска придонесоа да се збогати знаењето на воспитувачите за важноста на градењето партнерски …

Еразмус + Прочитајте повеќе…

01.09.2022

Со широка насмевка, песна и топла прегратка започна уште една нова воспитно-образовна година во нашата најубава ЈДГОА ,, Срничка”. Среќен почеток на новите другарчиња!

Во рамките на програмата Еразмус+ која се имплементира во  ЈДГОА “Срничка” со поддршка на Националната агенција за образование и мобилност, воспитувачи од градинката имаа можност професионално да се усовршуваат во Португалија. Во училиштето Agrupamento de Escolas de Valadares – Порто, 5 учесници од нашата градинка заедно со партнерите од Италија, Бугарија, Португалија и Хрватска работеа заедно на изнаоѓање …

Прочитајте повеќе…