Вклучување на културната разновидност во нашите секојдневни практики

Во рамките на Еразмус + и Етвининг проектот: “Ја градиме нашата иднина” тимот на ЈДГОА “Срничка” заедно со своите партнери од Португалија, Хрватска, Бугарија и домаќините од Италија (Istituto Comprensivo G. Nosengo) заеднички работеа на планирање и подготовка на мултикултурни активности за деца од предучулушна возраст.На заедничките настани беа презентирани песни, приказни, танци и игровни содржини кои рефлектираат и пренесуваат автентични културни традиции и актуелни прикази на семејниот живот на културите на децата во различните земји, партнери на овој проект. Целите на транснационалниот настан беа:- да се прошири културното знаење на учесниците и тие да станат поотворени за прифаќање и почитување на културните разлики;- да се  идентификуваат и анализираат разликите меѓу различните културни прашања во предучилишното образование;- да се здобијат со нови воспитно-образовни методи  и практики за примена на учењето преку игра во мултикултурен контекст;- да се подобрат комуникациските и организациските вештини;- да стекнат вештини поврзани со вклучување на културната разновидност во нашите секојдневни практики.Благодарност до целиот колаборативен тим за интензивната работа и споделувањата на националните културни богатства!