ЕКО-Хепенинг во Градинка ,, Срничка”

На ден 27.07.2022 година во објектот” Чекорче”, во соработка со Еко Логик (Eco Logic) и Уницеф во градинка “Срничка” се одржаа еколошки  активности/експерименти за заштита на животна средина и климатски промени. Покрај децата од градинката, на работилницата зедоа учество и децата од прифатниот центар Њу Стар (New Star) со цел запознавање, почитување, соработка и нивна заедничка еколошка едукација.

Со овие активности за искуствено учење кои се реализираа на отворено, во дворот на градинката, им се создадоа можности на децата за меѓусебна интеракција преку различни колаборативни активности, дизајнирани така да учат едни од други и покрај различното јазично потекло и да соработуваат во кооперативни групи. Мултикултурните искуства  ќе им овозможат успешно да учествуваат во светот кој бргу се менува и каде што меѓукултурното разбирање и вештините за интеркултурна комуникација се од големо значење. Овие активности се спроведуваат во рамките на Еразмус + програмата на градинката која има за цел развивање на културната интелегенција во раниот детски развој.