Во рамките на програмата Еразмус+ која се имплементира во  ЈДГОА “Срничка” со поддршка на Националната агенција за образование и мобилност, воспитувачи од градинката имаа можност професионално да се усовршуваат во Португалија. Во училиштето Agrupamento de Escolas de Valadares – Порто, 5 учесници од нашата градинка заедно со партнерите од Италија, Бугарија, Португалија и Хрватска работеа заедно на изнаоѓање иновативни решенија, нови форми и методи на работа кои развиваат позитивни исходи од учење кај деца, како што се: силно чувство за идентитет, самоуверени и “вклучени” деца, ефективни комуникатори.Проектот со референтен број: MK01-2019-1-KA229-060272 насловен како: “Ја градиме нашата иднина”- Културната интелегенција, најсуштествена интелеганција во 21 век има за цел соработка во областа на запознавање и спроведување методи и форми за развој на основни вештини за децата во социјално-емоционален домен, со користење на културната разновидност во европскиот свет.Со промовирање на разбирањето и прифаќањето на разликите и различностите, воспитувачите  стекнуваа вештини за  примена на стратегии и техники во поучувањето, што ќе им помогнат да бидат поуспешни во помагањето на децата и нивните семејства во градење на позитивни врски помеѓу себе, со нивните врсници и со нивните локални заедници.Во рамките на проектот, заедно со партнерите од Италија, Бугарија, Португалија и Хрватска до сега се подготвени два прирачника за примена на различни видови игри во мултикултурната едукација на децата, во периодот на раниот детски развој.