Енергијата треба да се штеди, таа многу вреди!

Во секојдневниот живот за се ни е потребна енергијата. Затоа уште од најрана возраст кај децата треба да развиваме навики со кои можат да штедат електрична енергија. Децата од објект Црвенкапа беа во посета на продавница за осветлување и научија дека сијалиците треба да се користат само доколку немаме доволно сончева светлина.Необновливите извори на енергија ги земаме од природата, но тие се во неограничени количини и треба да ги штедиме.Во рамките на еко-програмата градинката продолжува да реализира содржини кои имаат за цел:

-Согледување на влијанието на човекот кон природата

-Воочување на позитивните и негативните промени кои настануваат како резултат на човековото делување.

-Поттикнување на грижлив и економичен однос кон материјалните вредности (рационално користење на струјата, водата,светлината)