Крос трка под мото: ,, За долг и здрав живот, Спортувајте! ”

Денес, во чест на Светскиот ден на здравјето, Детскиот културен центар „Карпош“ организираше спортска манифестација – крос трка и штафетно трчање во која учествуваа децата од градинките. На оваа манифестација која се одржа на тартан-патеката во Градскиот парк учество земаа и десет дечиња од голема група од објектот „Чекорче“.