Сите деца се еднакви, слични и различни- Многу е важно да ја разбереме оваа три во едно вистина, децата се ЕДНАКВИ по правата, СЛИЧНИ по потребите и РАЗЛИЧНИ по своите потенцијали, интереси и желби…
Стручниот тим на ЈДГОА ,, Срничка” реализира дисеминација на проследена обука спроведена од Здружението за асистивна технологија ,, Отворете ги прозорците” во соработка со УНИЦЕФ на тема: ,, Креирање и зајакнување на инклузивни тимови” кои се дел од проектот ,, Инклузија на деца во предучилишна установа”
Предавачи- Стручен тим на ЈДГОА ,, Срничка”‘
Елизабета Лазароска- специјален едукатор и рехабилитатор
Весна Т. Ѓоршеска- логопед
Маја Лозаноски- педагог
Џета Кискоска- социјален работник