Дневни активности

Тема: ,, Бројот 9 “

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Васка Т. Јовановска цел: Да се развива способност за препознавање на цифрата која го означува бројот деветДа се воведат во  усвојување на поимот  за количина(број на елементи)

Тема: ,, Цело и делови од цело”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Елена Митровска Цели: Да се развива способности за воочување и идентификување на делови од целината.

Тема: ,, Игри пред огледало”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче”Воспитувач: Зорица Симоноска Цел: Создавање и усвојување на позитивна и реална слика за себе;- споредување и разликување на себеси во однос на другите и себеприфаќање;

Тема: ,, Немаме резервна планета”

Објект: ,, Чекорче”Возрасна група: од 4-5 години Воспитувач: Атинула Ничова Цел: Децата да научат како треба да се грижат за животната околина и зошто е тоа важно.Децата да научат што е отпад и каква штета и нанесува на животната средина доколку не се фрла на места кои се предвидени за тоа. Да разберат зошто треба …

Тема: ,, Немаме резервна планета” Прочитајте повеќе…

Тема: ,, Пешачки премин”- математичка игра

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Анета Крстевска Цел: Проширување на знаењата за правилата на движење по пешачки премин и преминување на улица-Оспособување за броење и препознавање на броевите од 1 до 10

Тема:,, Пролетта во мојот цртеж”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Маја Кузманова Цел: Развивање на љубопитноста кај детето-оспособување на детето  за нанесување отпечаток во граница на определена подлога-развој на моториката на детето

Тема: ,, Моден креатор”

Објект: ,, Чекорче” Возрасна група: од 4-5 години Воспитувач: Ева Петровска Цел: Запознавање со одредени професии  кои ги работат луѓето, нивните карактеристики и техники на работа

Тема: ,, Пред – зад”

Објект: ,, Чекорче” Возрасна група: Од 4 до 5 години Воспитувач: Јасмина Манојловска Цели: Одредување на положбата на предметите во однос на себе( Пред зад), Оспособување за раскажување по слики ( Дедото и репката), Да се оспособува за просторно ориентирање и вербално искажување на односите

Под мотото – ,, Подај рака на хуманоста”

На 05.05.2022 година, во соработка со ЦКА-ПХВ тимовите при ООЦК Кисела Вода, дечињата допринесоа заедно со своите родители, и воспитно-згрижувачкиот кадар од ЈДГОА ,, Срничка” да се реализираат предвидените цели на волонтерите и да се даде помош и поддршка на целните групи во проектите.