Дневни активности

7. АПРИЛ– СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Најважно во животот и едно од најпосакуваните нешта е здравјето. Можеме да имаме многу освојувачк и завојувачки апетити, да се стремиме кон многу богатства но не смееме да заборавиме дека здравјето е неопходно, тоа е услов за остварување на човековите желби, извор на неговите сили, поттик за негово добро чувство и расположение.    Денес е …

7. АПРИЛ– СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО Прочитајте повеќе…

Вклучување на културната разновидност во нашите секојдневни практики

Во рамките на Еразмус + и Етвининг проектот: “Ја градиме нашата иднина” тимот на ЈДГОА “Срничка” заедно со своите партнери од Португалија, Хрватска, Бугарија и домаќините од Италија (Istituto Comprensivo G. Nosengo) заеднички работеа на планирање и подготовка на мултикултурни активности за деца од предучулушна возраст.На заедничките настани беа презентирани песни, приказни, танци и игровни …

Вклучување на културната разновидност во нашите секојдневни практики Прочитајте повеќе…

2 Април – Светски ден на лицата со аутизам

2 април, Светски ден на аутизмот со резолуција на Обединетите Нации од 2007 година. Даваме несебична подршка на овие лица. На овој ден се испраќаат безброј пораки ширум светот за поголема свесност во општеството, подобри услови во сите области и поголема грижа.Дечињата од нашата градинка се запознаваат секојдневно со различностите и учат како да ги …

2 Април – Светски ден на лицата со аутизам Прочитајте повеќе…

2 Април – Светски ден на аутизмот

По повод Светскиот ден на аутизмот дечињата од ЈДГОА ,, Срничка” реализираа активности за поддршка на лицата со аутизам. Да им подадеме рака, бидејќи и тие се дел од мозаикот на детскиот свет.

Тема: ,, Денот на шегата Априли-ли-ли

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Елеонора Блажевска Цел: Оспособување за користење на маски и костими како изразно средство.Развивање и негување на позитивни емоции:среќа,радост,задоволство,опуштеност,сигурност.Споредување и разликување на себе си во однос на другите.

Тема: ,, Кој се крие под маската”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Светлана Димитровска Цел: развивање на позитивни емоции на среќа,радост,задоволство,потикнување на љубопитноста кај детето,потикнување на самодовербата,и учество на дефилето на маски.

ШЕГУВАЈТЕ СЕ, ДЕНЕС Е ПРВИ АПРИЛ !

Денес е 1. Април – Денот на шегата, еден од најзбавните денови во годината. На овој ден , луѓето низ светот прават различни шеги, досетливи трикови, измислици, сé со цел да се насмеат и расположат. Бидејќи целта на празникот е среќа и смеење, на овој ден никој не треба да се лути на шегата и …

ШЕГУВАЈТЕ СЕ, ДЕНЕС Е ПРВИ АПРИЛ ! Прочитајте повеќе…

Тема: ,, Сликаме пролетни цвеќиња со печати”

Возрасна група: Од 3-4 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Снежана Димова Цел: Поттикнување на љубов кон природата. Запознавање со основните бои. Запознавање со природата и цвекињата во пролет. Поттикнување на љубопитноста и креативноста .

Тема: ,, Шарени цветови”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Габриела Трпковска Цел: Запознавање со изгледот и деловите на растенијата (корен, стебло, лист, цвет).Развивање на способностите за перципирање и разликување на боите.

Тема: ,, Цветно виножито”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Светлана Димитровска Цел: развивање способност за слушање,разбирање и доживување на содржината,потикнување на детето во неговата упорност,запознавање со боите на цвеќињата,потикнување и подржување на детската љубопитност,развивање способност за печатење со прст.