Дневни активности

Тема: ,, Секој има право да се храни здраво”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Зорица Трифуновска Цел: Будење на детскиот организам, создавање здрави навики кај децата, поттикнување на децата да слушаат со внимание, поттикнување на креативноста, да учат стихотворба, трпеливост, истрајност, развој на фина моторика.

tEMA: ,, Во весела и распеана шума”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Весна Спирковска Цел: Децата преку игра да ги практицираат веќе научните математичко- логички сознанија во секојдневни игровни активности, во разговори, споредби и други ситуации. Поттикнување љубов кон уметностите. Детето да умее да користи ножички и да ги усоврши вештините за сечење по линија. 

Tema: ,, На главата имам коса”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Јасминка Ацковска Цел: Оспособување за воочување на сличностите и разликите кај децата и возрасните. Поттикнување на детето да сортира по разни карактеристики: боја, форма, должина на косата. Развивање на ситната мускулатура на дланката, координација око-рака. Стекнување навики за редовно одржување лична хигиена-уредност на косата.

Тема: ,, Шарени топли ракавички”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Светлана Димитровска Цел: Поттикнување на детето во симболична игра, охрабрување на детето да ја сече хартијата со ножички, развивање на фината моторика на раката, поттикнување на детската љубопитност.

Тема: ,, Што можам со моите рачиња” ( правиме вештачки снег)

Возрасна група: од 2-3 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Снежана Димова Цел: Поттикнување на развој на фина моторика, поттикнување на љубопитноста, негување на истражувачки способности, поттикнување на сензомоторниот развој.

Тема: ,, Приказна за Зимата”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Габриела Трпковска Цел: Оспособување за слушање, разбирање и доживување на содржината. Развивање на интерес и љубов кон книгата. Поттикнување на самостојноста во ликовното изразување. Оспособување за правилно користење на приборот за сликање.

Тема: ,, Моето капче”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Светлана Дичоска Цел: Запознавање и именување на топлата облека. Поттикнување и развивање на детската креативност и фантазија.

Tema: ,, Моето тело-ремек дело”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Билјана Туриманџовска Цел: Оспособување за воочување на сличностите и разликите кај себе и кај другите деца (пол, возраст, физички изглед) . Развивање на свест за функциите на одделните делови на човечкото тело.

Тема: ,, Кој не се плаши од зима”- поларните животни

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Мирјана Трајковска Цел: Запознавање  , именување  и опишување на карактеристиките на  поларните животни.Поттикнување на  говорниците способности  и збогатување  со нови поими.Развивање на креативноста  преку изработки со материјали кои ќе ги поттикнат тактилните сетила и координирање на рака ,око.Поттикнување на позитивни чувства .

Тема: ,,Сензорни шишиња”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Атинула Ничова Цел: Да се поттикнува кон развивање соработка,толеранција и пријателство кон врсниците. Да се поттикнува љубопитноста на детето кон новите предмети во опкружувањето. Да се поттикне да ги користи движењата на прстите и дланките за конкретна цел.