Дневни активности

Тема: ,, Снегулки”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Лидија Малинковска Цел: Да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали. Да се развива вештина за движење на прстите и дланката за конкретна цел. Да се поттикнува за користење на материјали од непосредно опкружување.

Тема: ,, Фолклор-народна носија, мотив од народен вез”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Црвенкапа” Воспитувач: Снежана Д. Темелкова Цел: Да се збогатат сознанијата за значењето на културно-историското наследство и обичаите на нашиот народ. Да се збогати и облагороди детскиот емотивен свет и имагинацијата преку непосредна комуникација со традицијата и културата на која припаѓа. Да се развива спретност во користењето на материјалите …

Тема: ,, Фолклор-народна носија, мотив од народен вез” Прочитајте повеќе…

Тема: ,, Најубавата снегулка”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Марија Џуговска Цел: Оспособување на децата за користење на истражувањето и набљудувањето како средство за откривање и учење, Да се подржуваат на свој начин да ги пренесат своите решенија, мислења, искуства, заклучоци.

Тема: ,,Дува, дува, Северко”

Возрасна група: од 2-3 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Радица Костовска Цел: Да се поттикнува љубопитноста и се стекнува со елементарни знаења за предметите и појавите кои го опкружуваат, да се поттикнува да ги воочува температурните промени и појавите во зима (студ, студен ветер), да се навикнува правилно да го користи ликовниот материјал ( четки, …

Тема: ,,Дува, дува, Северко” Прочитајте повеќе…

Тема: ,,Внимавај да не падне”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Емилија Ристовска Цел: Развивање на способност за одржување на рамнотежа, поттикнување на истрајноста кај децата, развивање натпреваруваки дух.

Тема: Нека студи, нека снежи, мене ми е топличко!”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Соња Петровска Цел: Да се развијат способности за восприемање, пеење, едноставни мелодии со различен ритам и темпо. Да се развијат способности за самостојно ликовно творење.

Tema: ,, Василица”-народни обичаи и традиција

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Чекорче” Воспитувач: Билјана Туриманџовска Цел: Запознавање со традицијата и обичаите при прославување на празникот Василица, збогатување на социјалното искуство на децата

Тема: ,, Бадник во мојот дом”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Изворче” Воспитувач: Царка Чанкуловска Цел: Детето може да слуша и разбира говорен јазик, да развие социјални вештини во интеракција со други деца, да демонстрира учество во разни форми на визуелна креативност.

Тема: ,, Што е ниско, а што е високо? ”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Изворче” Воспитувач: Царка Чанкуловска Цели: Да се оспособува за просторно ориентирање и вербално искажување на односите помеѓу предметите ( воочување релации во однос на себе и во однос на другите предмети)

Tema: ,, Писмо до Дедо Мраз”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Зорица Трифуновска Цел: Охрабрување на децата да се вклучуваат во разговор, насочување на вниманието, развивање на комуникациските способности, поттикнување на самодовербата, креативноста, да користи разни симболи и знаци за цртање и искажување на своите желби.