Дневни активности

Тема: ,, Куќичка за птици”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Светлана Дичоска Цел: Да се развијат способностите за самостојно ликовно изразување со разновидни техники и материјали. Потикнување на самостојност во ликовното изразување. Развивање радост и задоволство од успешно завршената работа.

Тема: ,, Малото јагне”

Возрасна група: од 2-3 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Елеонора Блажевска Цел: Поттикнување за учество во планираните активности. Развој на фината моторика кај децата. Збогатување на знаењата за домашните животни.

Тема: ,, Играме, скокаме, интересно се свижиме”

Возрасна група: од 2-3 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Снежана Димова Цел: Развој на крупна моторика ,  одржување рамнотежа ,  негување на позитивна атмосфера и комуникација меѓу врсниците.

Тема: ,, Љубезниот снешко”

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Светлана Димитровска Цел: Потикнување и подржување на детската љубопитност и истрајност,развивање на фината моторика на раката,потикнување на детето да раскажува содржина по серија на слики,потикнување на детето да ја реди сложувалката Снешко правилно  користејќи го палецот и показалецот.

Тема: ,, Во шумата многу животни има”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Весна Спирковска Цел: Да се задржи престојното однесување во играта, да се почитуваат правилата, да се издржи до крај на предизвикот, да се развива фината моторика на прстите  и дланките за конкретна цел- редење мозаик во зададен простор.Да се развива координираната помеѓу окото и раката. 

Тема:,, Ликот на моето другарче”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Јасминка Ацковска Цел: Оспособување за воочување на сличности и разлики кај децата;Поттикнување и поддржување на самостојноста во истражувачките постапки за откривање и експериментирање со разновидни материјали и подлоги за ликовно изразување;Збогатување на сензорно-перцептивните искуства.

Тема: ,, Emotions song for kids”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Црвенкапа” Проф. по анлиски јазик: Катерина Стојановска Цел: Детето се запознава со различните видови на емоции на англиски јазик: happy, sad, angry, scared, surprised, silly.

Тема: ,,Are you hungry song”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Калинка” Проф. по анлиски јазик: Катерина Стојановска Цел: Преку песната “Are you hungry song” детето се запознава со различни видови на храна на англиски јазик: banana, apple, grapes, watermelon.

Тема: ,, Five little ducks”

Возрасна група: 3-4 години Објект: Калинка Проф. по анлиски јазик: Катерина Стојановска Цел: Преку песната “Five little ducks” детето ги учи броевите од 1-5 на англиски јазик (one, two, three, four, five), како и зборовите: duck (патка) и mother duck (мајка патка). 

Тема: ,, Патот на храната во нашето тело”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Бамби” Воспитувач: Зорица Трифуновска Цел: Развој на детскиот организам, поттикнување и охрабрување на децата да се вклучат во разговор, поттикнување да слушаат со внимание, поттикнување на креативноста, поттикнување на мисловните процеси.