16. Септември – Меѓународен ден за зачувување на озонската обвивка

Светот го одбележува 16. Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важноста на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да размислуваат за тоа. Озонската обвивка е кревок штит од гас што ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата. Контролираната употреба на супстанци кои ја осиромашуваат озонската обвивка и нивното намалување помага за заштита на озонската обвивка за оваа и за идните генерации, но, исто така, значително придонесува кон глобални напори за справување со климатските промени. Освен тоа, ги има заштитено здравјето на луѓето и екосистемите со тоа што го спречува штетното ултравиолетово зрачење да стигне до земјата. Процесот на уништување на озонската обвивка претставува сериозна закана за нашата планета, вклучувајќи го и здравјето на човекот. Од откривањето на проблемот до денес, човештвото презело повеќе мерки за заштита на озонската обвивка од нејзино понатамошно уништување, како и мерки со кои ќе се поправи веќе направената штета. 

Денес, во градинката „Срничка“, во чест наДЕНОТ НА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА, ќе настојуваме преку едукативни активности и еко пораки кај децата, уште од најраната возраст, да ја поттикнеме еколошката свест за почиста, позелена и поздрава средина. Децата ќе го збогатат фондот на зборови со нови термини и ќе се обидеме да ја разберат суштината на комплексното значењето на поимот – озонска обвивка. Ќе се информираат за важноста на озонската обвивка и колку е важно да ја чуваме, затоа што таа ја штити планетата Земја. Децата се нашата иднина, тие се најголемите гласноговорници на еколошките иницијативи и еколошки амбасадори што го потврдуваат со вклучување во екопроекти.

П О В И К

Другарчиња ве повикувам во строј

да го исчистиме градот свој,

да ги собереме отпадоците

од дворовите, улиците и парковите!

Да ги замолиме чичковците од фабриките

филтри да стават на оџаците,

да можеме да ги отвориме прозорите,

да не бидат магливи зорите…..