Дневни активности

Тема: ,, Линии”

Објект: ,, Изворче” Возрасна група: од 5-6 години Воспитувач: Марија Јованова Цел: Да се поттикнува и подржува љубопитноста за откривање нови знаења и осознавање нови работиВосприемање на поимот и варијантите на линиите нивната  комбинација и формирање на различни облици и форми.Потикнување на способноста за почетно пишување.Да се оспособува детето да црта по зададена темаДа се …

Тема: ,, Линии” Прочитајте повеќе…

Тема:,, Пеперутка “

Објект: ,, Изворче”Возрасна група: од 3-4 години Воспитувач: Снежана Д. Темелкова Цел: Да се оспособува за слушање, разбирање и доживување на аудио приказна;Да се поттикнува љубопитноста и слободата на изразување во ликовните активности;Да се развива фината моторика  ;Да се развива љубовта кон природата;

Тема:,, Јас во сообраќајот”

Објект: ,, Изворче” Возрасна група: од 4-5 години Воспитувач: Сузана Селими Цел: Стекнување на основни знаења од областа на сообраќајот кои се неопходни  за сигурноста на детето како учесник  во сообраќајот. Запознавање со некои сообраќајни знаци: стоп, пешачки премин и со многу важниот сообраќаен знак семафор.Навикнување на правилно и културно  однесување на улица.

Тема: ,,Пчелата и цветот”

Објект; ,, Изворче” Возрасна група: од 3-4 година Воспитувач: Снежана Тодоровска Цел: Поттикнување интерес за пеење познати песнички, развивање на фината моторика, оспособување за работа со темперни бои и боење во контира.

Тема: ,, Правила на движење на пешаците во сообраќајот”

Објект: ,, Изворче” Возрасна група: од 5-6 години Воспитувач: Валентина Трпчевска Цел: Стекнување на основни навики за културно однесување во сообраќајот како пешак. Запознавање со сообраќајните знаци и правила за пешаците.Да се оспособи да ги препознава факторите кои можат да го загрозат здравјето.

Тема „Искуствено учење и интеграција на концепти од природните науки, животната средина и климатските промени во образовниот систем“.Биодиверзитет – Пингвините се секогаш суви

ЈДГОА ,,Срничка “- Чекорче дисиминациска сесија /тестирање, експерименти /од страна на воспитувач: Ева Петровска  Одржлив развој – Ја правиме Земјината топка Објект: ,, Чекорче” Возрасна група: од 4-5 години

Тема: ,,Јаготки,јаготки црвени и слатки”

Објект: ,, Калинка” Возрасна група: од 2-4 години Воспитувач: Марија Џуговска Цел: Да се запознаат со пролетните овошки и користа од нивното конзумирање; Развивање на фината моторика на раката кординација око-рака; Оспособување на детето за нанесување на отпечаток во границите на определена подлога.

Тема: ,,Бројот 5″

Објект: ,, Калинка” Возрасна група: од 4-5 години Воспитувач: Дијана Теовска Цел: Да се поттикнат способности за поврзување на количината со симболите на броевите (цифра)Да се развива свеста за количество на броевите (до 5)

Тема: „Брм,брм пчеличке“

Објект: ,, Калинка” Возрасна група: од 3-4 години Воспитувач: Радица Костовска Цел: Да се запознаат со изгледот и производот на пчелите;-Да научат колку се пчелите важни за природата;-Да се информираат и за потенцијалната опасност од близок контакт со нив;