Дневни активности

Тема:„Куќичка за бубачки од природен материјал“

Возрасна група: од 3-4 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Радица Костовска Цел: да се навикнуваат децата да се грижат за инсектите кои се  корисни за нас;-да стекнат  навика да рециклираат и користат материјали  за други намени;-да се развива еколошката свест кај децата.

Тема:,, Куќичка за птиците”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Калинка”Воспитувач: Дијана Теовска Цел: Да се поттикнува процесот на осознавање на одредени основни фактори и услови за опстојување и развој на живиот свет.- Да се поттикнува развој на љубов и грижлив однос кон птиците.- Да се поттикнува да ја користи својата креативност во секојдневни ситуации.

,, Цртање на асфалт”

По повод 24 Мај Денот на македонските просветители во соработка со Детски културен центар Карпош беше реализирана манифестацијата ,, Цртање на асфалт” на која овојпат учество земаа дечињата од објект ,, Лале”. Дечињата цртаа, се забавуваа и ја изразија својата креативност преку цртање на цртежи по слободен избор, а на самиот крај добија и диплома …

,, Цртање на асфалт” Прочитајте повеќе…

Тема: ,, Оди како маче, трчај како коњче…”

Возрасна група: од 2-3 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Катерина Терпини Цел: Препознавање и именување на некои домашни животни според нивните карактеристични белези; Оспособување за имитирање движење на одредени домашни животни;

Тема: ,, Шарени пеперутки”

Возрасна група: од 4-5 години Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Дијана Теовска Цел: Запознавање на некои претставници на инсектите (пеперутка) и согледување на разликите и сличностите меѓу нив. Да се развива способноста за користење книга или сликовница. Да се развијат способности за истражување и откривање на различните ликовни материјали и техники, нивните комбинации.

Тема: ,,Од семче до вкусна салата”

Објект “Лале” Возрасна група: од 4 до 5 години Воспитувач: Коцевска Лена Цели:Поттикнување на истрајноста на детето во преземените активностиВоочување и именување на деловите од растениетоЗапознавање со придобивките од консумирање здрава храна

Тема:,,Шарени пеперутки”

Возрасна група:2-3г Воспитувач:Ана Марковска Цели:Воочување и практикување на разни ликовни техники(монотипија).Негување љубов кон животинскиот свет.

20. МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПЧЕЛАТА

Денес, 20. Мај, го одбележуваме Светскиот ден на пчелата и се потсетуваме на нејзината огромна важност за екосистемот. На овој ден се потврдуваат заложбите за заштита на пчелите и развој на пчеларството, но и подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи, загрозеноста на нивниот опстанок и нивниот придонес за одржлив развој. …

20. МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПЧЕЛАТА Прочитајте повеќе…

Тема: ,, Шарени пеперутки”

Возрасна група: од 2-3 години Објект: ,, Лале” Воспитувач: Невенка Симовска Цел: Развивање на интерес за животинскиот свет во непосредната околина.Запознавање со пеперутките како дел од живиот свет.Поттикнување на детето за доживување на експлозија на боите.