Дневни активности

Тема:,,Како ќе изгледа моето велигденско јајце”

Објект ,,Лале” Реализатор: Кристина Стојановска -раководител Цели:Запознавање со верските обичаи за најголемиот христијански празник Велигден;Развивање на графомоторните способности;Поттикнување на креативност во активностите;Создавање на ведро и пријатно расположение во групата

Тема: ” Часовник на расположение”

Објект: ЛалеВозрасна група: од 5-6 год. Воспитувач: Анета Николова Димулкова Цели: Поттикнување на детето за разбирање на основните емоционални состојби кај себе и кај другите деца.- Развивање на свест за негативните емоции, препознавање кај себе и другите и нивно канализирање.

Тема: ,, Пролетно дрвце- сликање со печати”

Објект: ,, Бамби” Раководител – воспитувач: Снежана Димова Цели:- Поттикнување на љубов кон уметноста ;- Стекнување на знаења за карактеристиките на растенијата во различните временски промени   :- Поттикнување на креативноста ;- Поттикнување на развој на фина моторика.

Тема: ,, Малото црвено јаболко-литературен текст”

Објект: ,, Црвенкапа” Раководител-воспитувач: Татјана Т. Ташева Цел: Оспособување за препознавање и класификација на одредени видови на овошки, Оспособување за активно слушање и повторување, Спознавање од нивната полза, Оспособување за просторно ориентирање и вербално искажување, Запознавање, воочување и именување на боите.

Тема: ,, Шарени пеперутки”

Објект: ,, Калинка” Воспитувач: Катерина Терпини Цел: Воведување во користење на различни цртачки материјали(фломастери); Развивање на интересот кај детето за цртање, повлекување разновидни линии(вертикални, хоризонтални и кружни); Поттикнување на интересот кај детето за учество во ликовни истражувачки активности;

Тема: ,, Игри на отворено”

Објект ,, Лале” Реализатор: проф. по физичко воспитание Марјан Устамитов Цел: Развивање на локомоторниот систем, Поттикнување на учество во игри со скокање и влечење со јаже, Развивање на социјални вештини во интеракција со други деца

Тема: ,, оп-скок – натпреварувачка игра”

Објект ,, Чекорче” Педагог: Маја Лозаноски Цел: Развивање на фокус, внимание, спретност, концентрација. Поттикнување на учество во игра. Развој на социјалните вештини во интеракција со други деца.

Тема: ,, Круг на чувства”

Објект ,, Лале” Воспитувач: Анета Н. Димулкова Цел: Оспособување за воочување и манифестирање на некои емоции во секојдневната комуникација. Поддржување на детето за развивање и негување на позитивните емоции.

Тема: ,, Шарено дрво”

Објект ,, Црвенкапа” Раководител-воспитувач: Татјана Т. Ташева Цел: Запознавање со изгледот, боите и формата на дрвата. Оспособување на активно слушање и повторување. Правилен изговор на зборчиња. Поттикнување на самостојно креативно изразување. Запознавање, воочување и именување на боите.