Дневни активности

Тема: ,, Да ја зачуваме природата”

Објект ,, Бамби” Раководител-воспитувач: Снежана Димова Цел: Поттикнување на љубов кон растенијата и природата; Подигање на еко свеста кај децата од најрана возраст; Запознавање со основните бои преку боите на цветовите ; Запознавање со потребите на едно растение, за да може да расте.

Тема: ,, Трите пеперутки” – литературен текст

Објект ,, Чекорче” Воспитувач: Елена Георгиевска Цел: Детето со внимание да слуша литературен текст, да се вклучи во разговор, да го разбере тоа што го слуша и соодветно да реагира, Да стекнува ликовни вештини и да комбинира ликовни техники, Да се движи по ритамот на музиката.

Тема: ,, Пролетта, љубовта и емоциите во нас”

Возрасна група: од 5-6 години Објект: ,, Црвенкапа” Раководител-воспитувач: Татјана Т. Ташева Цел: Поттикнување на љубов, радост и покажување преку емоции. Поттикнување на активно слушање. Поттикнување на самостојно креативно изразување. Запознавање, воочување и именување на боите.

Тема: ,, Пролетта во мојот крај”

Објект: ,, Чекорче” Возрасна група: од 5-6 години Воспитувач: Елена Георгиевска Цел: Поттикнување на љубов кон природата. Запознавање со природата и цвекињата во пролет. Поттикнување на љубопитноста и креативноста .

Тема: ,, Глуварче”

Објект: ,, Чекорче” Возрасна група: од 5-6 години Воспитувач: Ирена Тирчоска Цел: Проширување на знаењата за цветните растенија, Стекнување знаења дека било кој предмет премачкан со боја може да даде трага или да се отпечати, Стекнување поголема сигурност и контрола на движењето на раката за добивање на линии со различни големини.

Крос трка под мото: ,, За долг и здрав живот, Спортувајте! ”

Денес, во чест на Светскиот ден на здравјето, Детскиот културен центар „Карпош“ организираше спортска манифестација – крос трка и штафетно трчање во која учествуваа децата од градинките. На оваа манифестација која се одржа на тартан-патеката во Градскиот парк учество земаа и десет дечиња од голема група од објектот „Чекорче“.

7. АПРИЛ– СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Најважно во животот и едно од најпосакуваните нешта е здравјето. Можеме да имаме многу освојувачк и завојувачки апетити, да се стремиме кон многу богатства но не смееме да заборавиме дека здравјето е неопходно, тоа е услов за остварување на човековите желби, извор на неговите сили, поттик за негово добро чувство и расположение.    Денес е …

7. АПРИЛ– СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО Прочитајте повеќе…

Вклучување на културната разновидност во нашите секојдневни практики

Во рамките на Еразмус + и Етвининг проектот: “Ја градиме нашата иднина” тимот на ЈДГОА “Срничка” заедно со своите партнери од Португалија, Хрватска, Бугарија и домаќините од Италија (Istituto Comprensivo G. Nosengo) заеднички работеа на планирање и подготовка на мултикултурни активности за деца од предучулушна возраст.На заедничките настани беа презентирани песни, приказни, танци и игровни …

Вклучување на културната разновидност во нашите секојдневни практики Прочитајте повеќе…

2 Април – Светски ден на лицата со аутизам

2 април, Светски ден на аутизмот со резолуција на Обединетите Нации од 2007 година. Даваме несебична подршка на овие лица. На овој ден се испраќаат безброј пораки ширум светот за поголема свесност во општеството, подобри услови во сите области и поголема грижа.Дечињата од нашата градинка се запознаваат секојдневно со различностите и учат како да ги …

2 Април – Светски ден на лицата со аутизам Прочитајте повеќе…

2 Април – Светски ден на аутизмот

По повод Светскиот ден на аутизмот дечињата од ЈДГОА ,, Срничка” реализираа активности за поддршка на лицата со аутизам. Да им подадеме рака, бидејќи и тие се дел од мозаикот на детскиот свет.